Акционерското друштво за давање услуги во воздохопловната навигација, М-НАВ, објави оглас за седум работни места, на неопределено време.
Се бараат двајца обезбедувачи, двајца советници, извршител во одделението за планирање, развој и меѓународно задолжување како и воздухопловен MET прогностичар во одделението за метеоролошко обезбедување на воздушната пловидба и администратор и техничка подршка во одделението за човекови ресурси.
Платата се движи од 23. 720 денари до 71. 624 денари.
Кандидатите покрај пријавата за вработување и кратката биографија (CV), потребно е за исполнување на општите услови да ги достават следните документи
-извод од матична книга на родените;
-уверение за државјанство;
-потврда од казнена евиденција издадена од надлежен суд;
-уверение од кривична евиденција издадена од надлежен суд.
Покрај општите услови кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови кои се бараат за секое работно место.
Огласот трае пет работни денови.