Македонската апликација наградена: Секој километар пешки или на велосипед носи поен за попуст

801

Авторите на првата македонска мобилна апликација, „Challenger“ чија цел е намалување на загадениот воздух во Скопје, победија на регионалниот натпревар за зелени бизнис АРНО, во конкуренција на млади од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора.

Целта на оваа апликација, како што велат победниците, е да создаде регионално влијание преку наградување на луѓето кои што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици. Секој поминат километар пешки или на велосипед – се брои, на принципот колку повеќе километри, толку повеќе „Challenger“ поени кои носат попусти и награди.

„Challenger“ апликацијата ќе биде лансирана до крајот на годината, а до тогаш креаторите на апликацијата, Теодора, Олга, Стефан и Митко, упатуваат апел до сите компании директно да се вклучат со цел „сите заедно да ги создаваат промените“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...