Македонија се најде на 68 место на листата на држави со најдобри услови за бизнис на магазинот „Форбс“. При утврдувањето на листата споредуваи се 15 фактори меѓу кои се имотни права, даноци, технологија, ниво на корупција, слобода, бирократија, квалитет на живот, работна сила, големина на пазарот.
Првото место ѝ припадна на Велика Британија. На второ место е Шведска,трета е Хонг Конг, зад неа е Холандија, петта е Нов Зеланд.
Од земјите во регионот Србија е на 56, Хрватска (52), Бугарија (46) и Словенија (31), а полоши се Црна Гора (72), Албанија (74) и Босна и Херцеговина (98).