Македонија полека станува депонија и на дигитален отпад

Според него, 80 отсто од дигиталната технологијата која ја увезуваат компаниите и јавните институции е постара од 10 години, што значи застарена технологија.

420

Македонија може да стане депонија на дигитална технологија, ако не се преземат мерки за имплементирање на соодветните европски норми за увоз на стара технологија, предупреди денеска Групацијата на провајдери на дигитални решенија при Стопанската комора на Македонија.

– Ако во Европа е дозволен увоз на стара дигитална технологија само за лична употреба, кај нас ваква технологија се увезува за приватни компании и посебно загрижува фактот што увоз на стара опрема се прави и за институциите – вели претседателот на Групацијата, Александар Пајковски.

Според него, 80 отсто од дигиталната технологијата која ја увезуваат компаниите и јавните институции е постара од 10 години, што значи дека е застарена технологија.

– Оваа технологија е увезена по ниски цени, но ако се пресмета колку треба да се потроши за нејзино одржување бидејќи често треба да се поправа, станува прескапа – вели Пајковски.

Старата опрема, додаде тој, како на пример печатарите, користи супстанци, кои се отровни и во Европа веќе се забранети, а влијаат штетно на здравјето на работниците. При тоа дополнително се троши и во здравството за нивно лекување.

Тој побара министерствата за животна средина, за економија и за информатички технологии и Царинската управа да направат анализа на увозот на стара дигитална технологија за да може да се преземат мерки за намалување на увоз на дигитален отпад.

– На овој начин ќе се овозможат измени на подзаконските акти според кои се даваат дозволи за увоз на стара дигитална опрема – вели Пајковски.

Од Групацијата информираа и дека поради ваквиот увоз се намалува увозот на нова дигитална технологија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...