Македонија очекува раст на бројот на холандски туристи и годинава

„Vakantiebeurs” претставува водечки саем за туризам во Холандија преку кој постои можност за вмрежување помеѓу македонскиот и холандскиот приватен сектор. Ова индиректно придонесува за контунуиран раст на бројот на холандски туристи во Македонија.

266

Туристичките погодности на Македонија деновиве се претставуваат на интернационалниот саем за туризам во Утрехт, Холандија. Саемот „Vakantiebeurs” се одржува во период од 09 до 13 јануари.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот кои го организираат настапот велат дека холандскиот пазар е еден од првите и најлојални туристички пазари на Македонија и во во постојан раст.

– Лојалноста во туризмот којашто најтешко се постигнува, Македонија на овој пазар и официјално ја постигна со тоа што успеа да врати по втор или трет пат холандски туристи кои имаат желба да посетат и други делови од Македонија, освен најголемите туристички центри – велат од Агенцијата.

Делегација на Агенцијата за туризам за време на саемот во Утрехт, одржа бројни состаноци со цел унапредување на веќе етаблирана соработка со големите тур-оператори ТУИ, „Корендон“ и „Томас Кук“, но и со бројни помали кои имаат идеа да носат индивидуални патувачки или помали групи на одмор во Македонија. Штандот на Македонија го посети конзулот на Македонија во Холандија, Цеес Содер, а ко-егзибитори се ХОТАМ, општина Охрид и Струга, и туристичката фирма Чејнџфорлајф.

Саемот се очекува да биде посетен од над 117.000 посетители и над 1200 изложувачи од 65 земји од светот.

„Vakantiebeurs” претставува водечки саем за туризам во Холандија преку кој постои можност за вмрежување помеѓу македонскиот и холандскиот приватен сектор. Ова индиректно придонесува за контунуиран раст на бројот на холандски туристи во Македонија.

Од Агенцијата велат дека во десетте месеци од 2018 година туризмот порасна за 3 отсто, додека очекувањата за оваа година ќе  достигне оптимумот од 10 отсто раст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...