Еден маж веќе два часа стои на покривот на двокатна зграда наспроти покраинската Влада во Нови Сад и се заканува дека ќе скокне, притоа постојано фрлајќи одозгора градежен материјал и облека.
Засега не е познат идентитетот на мажот, кој во еден момент почнал да се соблекува и фрлал делови од неговата облека. Врз граѓаните кои минувале низ улицата фрлал со градежен материјал и корнел делови од фасадата на зградата. Тој не сака да разговара со никого.
Сите надлежни служби се наоѓаат на местото на инцидентот и не е позната причината за таквата постапка на мажот. Улицата е блокирана за сообраќај.