Maж денеска пукаше со калашников во градинка во хрватскиот главен град Загреб. Тој пукал од тераса на четвртиот кат на зграда, а по брза акција, напаѓачот е уапсен, јавуваат хрватските медиуми.
Во близина на градинката се слушале рафали, а полицијата брзо стигнала на местото на настанот.
По околу еден час, полицијата излезе со соопштение дека е уапсен еден маж и дека во тек е криминалистичка обработка.
Во градинката веднаш почнале да стигнуваат родители, а некои заедно со децата биле затворени внатре. За среќа, нема повредени.