Мажот затруен со „Новичок“ пуштен од болница

74

Еден од двајцата Британци затруени со нервен агенс „Новичок“ минатиот месец, Чарли Роули, пуштен е денеска од болница, соопшти Заводот за јавно здравје на Англија.

– Господин Роули е доволно добро за да ја напушти болницата. Чисто да разјасниме, неговото излегување не претставува ризик за никој во заедницата – изјави директорот на Заводот за јавно здравје на Англија, Пол Косфорд.

Роули (45) и неговата партнерка Дон Старџес (44) беа затруени со „Новичок“ недалеку од местото каде во март беа затруени двојниот шпион Срегеј Скрипла и неговата ќерка Јулија.

Старџес не го преживеа труењето и нејзината смрт се третира како убиство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...