Мадуро: ЕУ уценува со нови санкции

73
ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ги смета како „уцена“ заканите на ЕУ со нови санкции доколку преговорите меѓу власта и опозицијата во земјата не бидат успешни.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека ЕУ „ќе ги прошири санкциите“ против властите во Венецуела доколку преговорите завршат без ниту еден конкретен резултат.

– Федерика Могерини сака да го уценува дијалогт. Сметам дека нејзината изјава е злонамерна и апсурдна – истакна Мадуро, додавајќи дека Венецуела не прифаќа притисоци и уцени.

Американското Министерство за финансии, пак, соопшти дека вовело санкции против четворица офицери на воено-разузнавачката служба на Венецуела по смртта на еден војник кој е уапсен поради наводно учество во обидот за државен удар.

Венецуела долг период минува низ длабока политичка криза поради борбата меѓу Мадуро и опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на државата и е признат од педесетина земји, меѓу кои и САД. Земјата е погодена и од сериозна економска криза, која дополнително е влошена поради американските финансиски санкции кои се воведени во обид да се собори Мадуро од власт.

ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...