Мадуро до Американците: Спречете Виетнам во Јужна Америка

94

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро му се обрати денеска директно на американскиот народ, барајќи од него да спречи „Виетнам во Јужна Америка“.

Во видео снимка од 45 секунди Мадуро истакна дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е одговорна за обидот за државен удар во Венецуела.

Тој изјави дека САД сакаат да дојдат до огромните резерви на нафта во Венецуела.

Мадуро нагласи дека е сигурен оти се наоѓа на „вистинската страна на историјата“, замолувајќи ги американските граѓани да ги задржат трупите на САД надвор од Венецуела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...