Мадуро: Венецуела очекува испорака на руска хуманитарна помош

77
ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

Венецуела очекува наскоро да стигне испорака на руска хуманитарна помош, изјави претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Тој рече дека првата хуманитарна помош, мерена во тони, пред две недели стигнала во земјата.

– Наскоро очекуваме уште една испорака со лекови. Пченицата што ја користиме за правење леб доаѓа од Русија – изјави Мадуро за рускиот Канал 1.

ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...