Мадрид се откажува од меѓународните потерници за Пуџдемон и за други каталонски високи претставници

Пучдемон побегна во Белгија по референдумот, но беше уапсен во Германија на 25 март.

115

Шпанските власти ги повлекоа меѓународните потерници за апсење на поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон и други високи каталонски претставници

Шпанија побара екстрадиција на Пуџдемон поради неговата клучна улога во спорниот референдум од 1 октомври и последователно унилатерално прогласување независност од страна на регионалниот парламент предводен од сепаратистите.

Пучдемон побегна во Белгија по референдумот, но беше уапсен во Германија на 25 март, откако ја премина данската граница на пат со автомобил од ангажманот во Финска назад во Брисел.

Германски суд неодамна пресуди дека Пуџдемон може да биде екстрадиран во Шпанија поради обвиненија за злоупотреба на јавни средства за референдумот, но не и за посериозните обвиненија за бунтот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...