Мадрид ги обвини каталонските власти за судирите во Барселона

69

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска го обвини претседателот на каталонската Влада, Ким Тора за судирите пред регионалниот Парламент во Барселона.

– Каталонската политика треба да се врати во Парламентот. Ким Тора мора да ги исполнува своите обврски и да не ја доведува во опасност нормализацијата на политичката состојба. Насилството не е решение – изјави Санчез.

Пораката доаѓа откако вчера дојде до судир меѓу полицијата и група демонстранти поддржувачи на идејата за независност на Каталонија од Шпанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...