Американската поп пејачка Мадона се пожали дека телефоните ја нарушиле врската со нејзините деца, објави „Контакт мјузик“.
Шеесетгодишната пејачка име шест деца – Лурдес 922), Роко (18), Дејвид и Марси (13) и Естер и Стела (6). Таа призна дека жали што им купила телефони на поголемите деца кога имале 13 години.
– Направив грешка кога им дадов телефон на моите постари деца кога имаа 13 години. Тоа навистина и стави крај на мојата врска со нив. Ние комуницираме, но не како порано. Сега телефоните се составен дел од нивниот живот – изјави Мадона за британското издание на модното списание „Вог“.
Мадона е на насловната страница на „Вог“, првпат од 1989 година.