Мадона се обрати кон принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган да не се селат во Канада затоа што таму е „толку здодевно“.
Парот во јануари објави дека ќе се откаже од привилегиите како членови на кралското семејство и изјави дека ќе се преселат во Канада за да го продолжат семејниот живот, подигајќи го неговиот деветмесечен син Арчи.
Мадона (61) предложи да останат во нејзиниот стан во Њујорк затоа што смета дека градот е многу повозбудлив од Канада.
Во видеото објавено на Инстаграм, таа вели: „Не трчајте во Канада, таму толку е досадно. Ќе ви го дадам мојот стан во Централ Парк Вест. Има две спални соби. Има најдобар поглед на Менхетен. Неверојатен балкон. Мислам дека ова ќе биде најдобриот договор. И не, Бакингемската палата нема ништо во Централ Парк”.
Мадона во моментот завршува серија концерти во Лондон, но одложи два од нив поради повреди.
ФОТО: EPA / JASON SZENES