Магазинот „Пипл“ ја прогалси Пинк за најубава жена за 2018 година

Магазинот „Пипл“ оваа година, меѓу бројни славни убавици, ја прогласи пејачката Пинк за најубава жена во светот за 2018 година.

336

Магазинот „Пипл“ оваа година, меѓу бројни славни убавици, ја прогласи пејачката Пинк за најубава жена во светот за 2018 година.

Пред неа оваа титула ја имаа актерките Никол Кидман, Џулија Робертс и Кејт Хадсон.

Годинава на насловната на „Пипл“ осамна Пинк со своите две деца, п5-годишната ќерка Вилоу и 1-годишниот син Џејмисон.

Можеби 38-годишната Пиник не изгледа како нешто што се смета за совршена убавина, но пејачката оваа година ја победи конкуренцијата и покажа дека стандардите за убавина не се веќе она што биле.

– Кога си родител, никогаш не знаеш дали се она што го правиш функционира. Тоа е најнеспокојното нешто за мене – изјавила Пинк за магазинот.

„Пипл“ годинава го смени името на годишното издание, што традиционално, според мислењето на уредниците, објавува кои се најубавите холивудски ѕвезди. Сега од „Најубавите жени“ е ребрендирано во „Убавото издание 2018“.

Главниот уредник Џес Кегл вели дека промената е со цел славење на сите видови на убавина.

– Годинава го менуваме името за да истакнеме дека изданието не е натпревар за убавина. Ништо друго не е сменето. Како и секогаш, ќе прикажува различни убави жени (и неколку мажи) и ќе ги слави најубавите квалитети – силата, хуманоста и умешноста – посочува Кегл.

ФОТО: принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...