МААЕ: Нема докази дека Ким го исполни ветувањето дадено на Трамп

35

Нема индикации дека Северна Кореја запрела да работи на нуклеарно оружје, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

– Продолжувањето и понатамошниот развој на нуклеарната програма на Северна Кореја е причина за голема загриженост”, се наведува во соопштението на МААЕ..

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека верува оти Северна Кореја направила некои чекори кон денуклеаризација и дека најверојатно повторно ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.

Трамп и Ким првпат се состанаа на историски самит во Сингапур на 12 јуни, кога водачот на Северна Кореја се согласи да работи на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...