Луѓе во сите бои на завршното дефиле на Тера Мадре

Последната вечер, пред крајот на најголемиот фестивал на храната во Торино, сите учесници и членови на делегациите од 150 земји на светот дефилираа заедно веејќи ги знамињата на своите држави и симболично си разменија пакетчиња со храна. Меѓу нив и македонската делегација

120

Специјално од Торино, фотографии и текст: Драгица Христова

Вечерта пред последниот ден од одржувањето на Тера Мадре, најголемиот фестивал на храната во Торино, се одржа и големото дефиле, најшарениот и највпечатливиот настан во рамките на фестивалот.

Река народ, сите претставници, делегати и учесници на Тера Мадре, во сите бои на светот, светот чекореа заедно веејќи ги знамињата на своите држави и симболично си разменија пакетчиња со храна. Меѓу нив и македонската делегација.

Дефилето се одвиваше во околината на местото на одржување на настанот, саемот Лингото.

Галеријата со фотографии од настанот погледнете ја ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...