Алкохолот причинува чувство на топлина во организмот и позитивно влијае на крвотокот, но тој, исто така, се поврзува и со депресијата, која се јавува на повисоко ниво во пределите каде што има малку сончеви денови.
– Ова е нешто што луѓето со децении го претпоставуваа… Зошто луѓето во Русија и Висконсин пијат толку алкохол? Досега само претпоставувавме дека е поради студот, но сега имаме и научни докази за тоа. Ова истражување докажува дека луѓето кои живеат во постудени место пијат повеќе алкохол и почесто страдаат од цироза – објаснува раководителот на научниот тим, Рамон Баталер, кој инаку е и претставник на Центарот за изучување на црниот дроб во Питсбург.
Така, како што се намалуваат сончевите денови, така и луѓето пијат повеќе алкохол, се истакнува во заклучокот од извештајот.