„Луфтханза“ побара судска забрана за штрајк

31

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ побара од судот во Франкфурт да изрече забрана за штрајк на кабинскиот персонал, најавен за утре и в петок.

Портпарол на компанијата потврди дека „Луфтханза“ побарала од Работниот суд во Франкфурт да изрече мерка забрана.

Од компанијата соопштуваат дека работат на изработка на план на летање, кој ќе биде објавен денеска.

Германскиот синдикат го повика кабинскиот персонал на компанијата „Луфтханза“ утре и в петок да организира штрајк, барајќи повисоки плати и подобри работни услови. Планирано е штрајкот да почне вечерва во 23 часот и да заврши в петок во истото време.

Заменик претседателот на Германското здружение на стјуардеси и стјуарди, Даниел Флохр изјави пред новинарите дека штрајкот „ќе влијае врз сите летови на Луфтханза“ од германските аеродроми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...