Лунарната нова година ѝ донесе на Кина приход од 76 милијарди долари

153

Во Кина за време на годинашната прослава за Лунарната нова година остварени се 415 милиони патувања на домашни туристи, што е за 7,6 отсто повеќе од истиот период минатата година, јави денеска кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Според податоците на кинеското Министерство за култура и туризам, за време на најголемиот празник во таа земја, остварен е приход од 76,2 милијарди долари, што е зголемување на годишно ниво од 8,2 отсто.

Истовремено, преминувањето на кинеската граница во двата правца е зголемено за 11 отсто во однос на истиот период лани, на 12,53 милиони.

Кинезите како дестинации за Лунарната нова година најмногу ги бирале Тајланд, Јапонија, Виетнам, Јужна Кореја, Сингапур, Малезија, САД, Хонгконг и Тајван.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...