Јахта долга 86 метри е сериозно оштетена откако удри во пристаниште на карипскиот остров Сен Мартен.
Јахтата, која некогаш му припаѓала на рускиот милијардер Роман Абрамович снимена е како удира во пристаништен мост, на патот кон лагуната Симсон беј и уништува една од неговите контролни кабини.
Се претпоставува дека силниот ветер предизвикал капетанот на бродот да изгуби контрола.
Британски медиуми посочуваат дека јахтата вредна 57 милиони фунти, во 2009 година Абрамович ја продал на принцот престолонаследник од Абу Даби Мохамед бин Зајед ел Најен, а тој ја продал на пакистанскиот могул Алшаир Флаз во 2014 година.