Луксузен „див“ хотел на Нов Зеланд

141

Најновото префинето одморалиште на Нов Зеланд, хотелот Линдис, сместен во Ахурири Долината, претставува одличен пример на „див“ луксуз.

По 2,5 – часовно возење од Квинстаун и исто толку долго уживање во пејзажите на дивината, се стигнува до хотелот, кој заедно со целото земјиште зафаќа површина од 2.500 хектари, и се наоѓа на самиот раб од националниот парк Ахурири. Така, местото изобилува со снежни планински врвови, шуми, мочуришта и тревници.

Во смисла на рекреација, Националниот парк нуди: риболов, јавање коњи, електровелосипедизам, планинарење и прошетки со или без водич. Навечер, главна „атракција“ е опуштено набљудување на ѕвезденото, ведро и, најважно од сѐ – незагадено небо.

Гастрономијата пак, која е прилично обилна, се одликува со локални специјалитети и вински подрум со богат избор вино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...