Луксембург: Австрија не е достојна да претседава со ЕУ

410

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн денеска ја критикуваше Австрија велејќи дека оваа земја не е достојна да биде претседавач со Европскиот совет поради нејзиниот став кон мигрантите.

– Не е добар пример ако со Советот претседаваат земји кои ја поддржуваат Италија во распределбата на мигрантите, изјави Аселборн. Десничарската Влада на Австрија се залага за чување на европската надворешна граница од неконтролирана миграција и соработува со Италија и Унгарија по ова прашање. Аселборн ја повика Австрија да прими дел од мигрантите кои доаѓаат во Италија од Либија, и чија натамошна судбина предизвика политичка криза во ЕУ.

– ЕУ дојде во многу тешка состојба, и земјата претседавач, која и да е, би требала да даде се од себе по прашањата на солидарност и владеење на правото, а не да предлага воени операции во северна Африка и да го минира изнаоѓањето на решенија, изјави луксембуршкиот министер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...