Директорката на УЈП Сања Лукаревска денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање како ќе се спречат евентуални злоупотреби при исплатата на зголемена минимална плата, што почнува од овој месец, информира дека до УЈП и претходниот период, а претпоставува и сега ќе стигнуваат анонимни пријави или пријави на кои се имаат потпишано работници кои се соочуваат со ваков проблем.
– Секогаш ние тие пријави ги доставуваме на понатамошно постапување од страна на Државниот трудов инспекторат. Ние постапуваме во нашиот дел во рамки на даночната област, но трудовиот инспекторат треба да утврди на лице место дали има какви било злоупотреби – рече Лукаревска.
Таа очекува дека во наредниот период ќе имаат повеќе консултации и со трудовиот инспекторат со цел работниците да ги остваруваат своите загарантирани права.