Лондон: Русија е подготвена да стори се што е во нејзина моќ за дестабилизација на Западниот Балкан

- Русија е подготвена да стори било што само за да го дестабилизира Западниот Балкан и неговиот пат кон стабилност и демократија. - се наведува во Извештајот.

202

Русија е подготвена да стори се што е во нејзина моќ за да предизвика дестабилизација на регионот на Западниот Балкан, кого ЕУ го запостави во последите 10 години, се оценува во Извештај на британскиот Комитет за надворешни работи.

Според авторите на документот, празнината што настана на Западниот Балкан со политиката на Европската унија за запоставување на регионот, ја искористија и ја пополнија други меѓународни актери, како Русија, Кина и Турција.

– Русија е подготвена да стори било што само за да го дестабилизира Западниот Балкан и неговиот пат кон стабилност и демократија. Тоа се гледа и во руската поддршка на обидот за државен удар во Црна Гора во 2016 година, се наведува во Извештајот.

Како што пренесува белградски „Блиц“, во текстот се потенцира дека постои стравување оти Русија ќе се обиде да го попречи договорот меѓу Грција и Македонија, како и дека константно ги поддржува „дестабилизирачките лидери во Република Српска“, се што би можела да го дестабилизира кревкиот мир во Босна и Херцеговина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...