Ловецот кој убил над 5.000 слонови и 50 нилски коњи тврди: Воопшто не ми е жал

Рон Томсон од Зимбабве е ловец на диви животни, а неговото име стана познато во јавноста по новиот извештај во кој се наведува дека популацијата на слонови е намалена за околу две третини.

256

Ловецот што уби речиси 5.000 слонови и 50 нилски коњи рече дека воопшто не се кае за тоа што го направил, пишува „Индепендент“.

Рон Томсон од Зимбабве е ловец на диви животни, а неговото име стана познато во јавноста по новиот извештај во кој се наведува дека популацијата на слонови е намалена за околу две третини.
Освен што има убиено илјадници слонови, 80-годишниот маж на својата интернет-страница тврди дека убил повеќе од 800 биволи, речиси 60 лавови и 40 леопарди, околу 50 нилски коњи и многу други диви животни.

Чувар во националните паркови
Таткото на две деца, кој го поминал својот живот како чувар во африканските национални паркови, негира дека бил мотивиран од желбата за крв и тврди дека ги убивал дивите животни за да им помогне на нивните популации да преживеат.
– Ако бројот на поединците не се намалеше, видот ќе ги уништеше сопствените живеалишта – рекол Томсон.
Тој ги обвини западните конзерватори дека шират лаги за да извлечат пари од јавноста, додека истовремено не разбираат ништо за дивите животни и зачувувањето на нивните живеалишта.

– Немав никакви чувства за време на ловот. Не ми е воопшто жал за животните што сум ги убил во лов. Тоа не е проблем. Проблем е што има толку многу експерти од Запад , кои сед обидуваат да ми кажат што да правам. Јас сум обучен универзитетски еколог и сигурно знам нешто за тоа. Африканскиот слон не е ниту блиску до изумирање. Луѓето кои го тврдат тоа, зборуваат само за да земат пари – рекол ловецот.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...