Лоазо ќе поднесе оставка од министерската функција, се кандидира за ЕУ изборите

42

Француската министерка задолжена за европски прашања, Натали Лоазо, треба утре да соопшти дека се повлекува од министерското место за да ја води изборната листа на владејачката партија за Европскиот Парламент.

Пред две недели, министерката за време на дебата со лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, најави дека сака да ја води изборната кампања за европските парламентарни избори во мај.

Според француските медиуми, нејзината кандидатура била прифатена од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, а утре треба официјално да биде назначена.

Според француските правила, во тој случај таа ќе мора да се повлече од министерската функција и да биде назначен нов кандидат. Прашање е и дали ова ќе повлече други реконструкции во Владата на Макрон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...