Литванија го блокира поглавјето 31 во преговорите со Србија поради односите со Русија

За Литванија проблематично е одбивањето на Србија да воведе санкции против Русија, согласно одлуката на ЕУ по анкесијата на Крим и војната во Украина.

366

Литванија ќе ја блокира Србија за отворањето на поглавјето 31 во преговорите, поглавје кое се однесува на надворешната политика, изјави српската министерка за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ во интервју за „Вечерње новости“.

За Литванија проблематично е одбивањето на Србија да воведе санкции против Русија, согласно одлуката на ЕУ по анкесијата на Крим и војната во Украина.

Министерката не посочи дали други земји ја поддржуваат одлуката на Литванија.

Таа додаде дека иако обично поглавјето 31 не е тешко поглавје, меѓународните односи стануваат се покомплексни, а од земјите кандидатки се очекува да ја усогласат својата надворешна политика со таа на ЕУ, не само кон Русија, туку и сите други земји.

Од Европската комисија за МИА не ја потврдуваат оваа информација истакнувајжи дека скрининг извештајот за поглавјето 31 му е презентиран на Советот, како што е ред пред отворањето на секое поглавје за преговори.

– Советот се уште не ги завршил дискусиите за скрининг извештајот и поради тоа исходот од скринингот се уште не и е соопштен на Србија.

ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...