Манекенката Адријана Лима и турскиот писател Метин Хара одлучиле да ја прекинат врската, пренесуваат странските медиуми.
Лима и Хара се запознале во јули 2017 година, а Метин ја опишал нивната средба на својот профил на Инстаграм со: „Среќен сум што запознав толку скромна душа. Планираме инспиративни проекти, останете диви, останете слободни.“
Само еден месец по запознавањето, тие започнале да се забавуваат и биле фотографирани како се бакнуваат на јахта во Турција, а оттогаш изгледало како нивната врска да „цвета“.
Адријана го запознала Метин со своите деца кои ги доби во бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ, а двојката честопати објавуваше романтични фотографии на социјалните мрежи.
ФОТО: EPA / IAN LANGSDON