Лили Ален го начекала Џејмс Блант како води љубов на јавно место

Периодов Лили Ален е актуелна со нејзините признанија дека експериментира со женски партнерки по разделбата од сопругот Сем Купер.

237

Контроверзната британска поп пејачка Лили Ален го фатила својот колега Џејмс Блант како води љубов пред нејзината соба во познатиот хотел Шато Мармонт во Лос Анџелес, но не ја откри неговата партнерка…

– Еднаш, пред да влезам во мојата соба во Шато Мармонт, видов како некој има секс со Џејмс Блант – рече меѓу другото таа во интервју за порталот „Јаху Би“.

Доколку тој „некој“ не е Софија Велесли, со која Блант е оженет веќе четири години, Лили може да му направи сериозни проблеми во бракот на познатиот пејач на балади.

Периодов Лили Ален е актуелна со нејзините признанија дека експериментира со женски партнерки по разделбата од сопругот Сем Купер, како и нејзината дружба со една друга позната контроверзна глумица – Линдзи Лохан и нејзината девојка, пишува „Дејли Меил“.

ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...