Лилиан Мори Паские повторно избрана за претседателка на ПССЕ

64
ФОТО: МИА

Швајцарската парламентарка Лилиан Мори Паские повторно ја доби повторно довербата на своите колеги во Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое ќе го води уште една година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во својот говор по изборот, таа нагласи дека е „определена да ги брани вредностите на Советот на Европа во еден тежок момент, без да попушта, но со дијалог.“

Руската дума деновиве непосредно пред зимската сесија на ПССЕ одлучи да не испраќа своја делегација во Стразбур, за да не биде „понижувана“, одлучувајќи исто така да не го одобри плаќањето на членарината на Руската федерација за членството во Советот на Европа. Според правилата на Советот на Европа, ако една земја-членка не го плати својот придонес, во теорија ризикува исклучувањето по две години, односно тоа за Русија би било во јуни.

Лилиан Мори Паские, потсети на резолуцијата на ПССЕ во која се вели дека „фактот што Русија не учествува во работата на ПССЕ, а учествува во работата на другите органи на Советот на Европа е „контрапродуктивно и штети на општиот опсег на организацијата, како чувар на човековите права и демократијата на целиот континент.“

Таа инсистираше на напорите за одржувањето на дијалогот со Русија, особено на потребата да се зачува „системот кој е втемелен врз Европската конвенција за човекови права“.

Оваа нова криза за Советот на Европа, која започна со анексијата на Крим, се случува во годината кога оваа најстара паневропска организација одбележува 70 години од своето основање, со една единствена цел да го промовира помирувањето и да воспостави демократска безбедност во Европа.

ПССЕ одлучи на ургнетната дебата закажана за во четврток да се расправа за „Ескалацијата на тензиите околу Азовското Море и теснецот Керч“, кшто претставуваат закана за европската безбедност и втората ургентна дебата за „Влошувањето на состојбата на политичката опозиција во Турција: што може да се направи за да се заштитат основните права во една земја-членка на Советот на Европа“.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...