Лидерите на црногорската опозиција на слобода

60
ФОТО: EPA / BORIS PEJOVIC

Опозицискиот пратеник на Демократскиот фронт, Небојша Медојевиќ во текот на ноќта го напушти затворот, во кој се наоѓаше од 1 декември. Неговиот сопартиец, пратеникот Милан Кнежевиќ излезе синоќа од заградата на црногорското Собрание, каде помина речиси две недели, со цел да избегне апсење.

Уставниот суд на Црна Гора вчера времено ги повлече одлуките на Апелацискиот и Вишиот суд за затворање на двајцата опозициски лидери.

По одлуката на Уставниот суд, членот на ДФ, Андрија Мандиќ истакна дека се исплатела борбата против власта, додавајќи дека не треба да се прифаќаат противуставни одлуки.

– Ова е мала победа, но многу важна, бидејќи со отпор покажавме дека можеме да најдеме решенија кои се во интерес на сите граѓани на Црна Гора. Ние не се откажуваме од нашата борба – нагласи Мандиќ.

ФОТО: EPA / BORIS PEJOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...