Лидерите на двете Кореи потпишаа декларација, Ким Џонг -ун наскоро во Сеул

Мун рече дека севернокорејскиот лидер ќе го посети Сеул до крајот на годината.

85

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин потпишаа заедничка декларација на вториот ден од средбата во Пјонгјанг.

Подоцна министрите за одбрана на двете страни потпишаа воен договор за да се намалат тензиите на Корејскиот полуостров.

На заедничката прес-конференција Мун Џае-ин рече дека Ким се согласил да се преземат конкретни чекори кон нуклеарно разоружување и севернокорејските нуклеарни инсталации целосно да се демонтираат во присуство на меѓународни експерти.

Северна Кореја ќе го затвори својот нуклеарен реактор во Јонбон и ќе го демонтира нуклеарниот полигон Точхан – ри, изјави Мун.

Југот и Северот се согласија да ја претворат демилитаризираната зона на нивната граница во зона на мир и просперитет, рече јужнокорејскиот претседател.

Меѓу мерките за намалување на тензиите, тој го спомена и претстојното формирање на заеднички комитет, во кој ќе има претставници на воената команда на двете страни.

Мун соопшти дека двете Кореји се согласиле да ги елиминираат сите опасности што можат да предизвикаат војна на полуостровот.

– Целосното нуклеарно разоружување ќе се случи во блиска иднина – додаде тој.

Мун, исто така, рече дека севернокорејскиот лидер ќе го посети Сеул до крајот на годината.

– Му ветив на претседателот Мун Џае- ин дека наскоро ќе го посетам Сеул, изјави Ким Џонг -ун.

Мун изрази надеж за скорешно возобновување на дијалогот меѓу Северна Кореја и САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...