„Либеро бенд“ го преставија новиот проект „1000“ ВИДЕО

Со објавувањето на оваа песна, тие го најавија и стартот на новиот проект кој ќе содржи неколку песни и спотови во низа.

122

„1000“ е насловот на новата песна од „Либеро бенд“ која момчињата ја промовираа заедно со спот.

Со објавувањето на оваа песна, тие го најавија и стартот на новиот проект кој ќе содржи неколку песни и спотови во низа, поврзани на начин кој ќе се открива дел по дел, односно како што ќе тече промоцијата на новитетите.

Проектот веќе и официјално стартуваше со промоција на новата песна, прва од низата, певлива, летна, со модерен ритам, зад која се потпишуваат Слаткар и Дејан Стојановиќ – текст, музиката е на Дејан Стојановиќ, а миксот и мастерот на Иван Јованов.

Спотот го изработи Даниел Јовески, снимен е во Охрид со посебна техника за снимање, кај нас малку позната, техника која уште повеќе дава уникатна димензија на самото видео и целиот проект.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...