Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман изјави денеска дека поднесува оставка од функцијата во конзервативната коалициска Влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Одлуката ја донел во знак на протест поради примирјето во Појасот Газа.
Објавувајќи ја оставката, која стапува во сила 48 часа откако ќе ја предаде во писмена форма, Либерман го нарече вчерашниот договор за прекин на огнот со палестинското исламистичко движење Хамас, постигнат со посредство на Египет, „капитулација пред теророт“.