Поранешниот израелски министер за одбрана Авигдор Либерман предупреди дека одлуката на американскиот претседател Донлад Трамп за повлекување на своите војници од Сирија може да доведе до војна.
Според него, може да дојде до војна меѓу Израел и силите кои ги поддржуваат иранските сили на северната израелска граница.
Трамп вчера најави дека американските војници ја напуштаат Сирија бидејќи џихадистите на Исламска држава се поразени.
– Повлекувањето на САД од Сирија значајно ги зголемува шансите за целосен судир во северниотѕ дел и во Либан и Сирија – истакна Либерман, оценувајќи дека американското повлекување ќе го поттикне моралот на сирискиот претседател Башар ал Асад, Иран и на либанската екстремистичка организација Хезболах, кои се борат на страната на Асад во граѓанската војна во Сирија.
Либерман поднесе оставка минатиот месец поради „благиот“ одговор на Израел на насилството во Појасот Газа, а сега смета дека одлуката на САД може да доведе до голема стратешка промена во регионот, односно поврзување на шиитските територии меѓу Иран, Ирак и Сирија.