Ле Дријан: Се лажат тие кои мислат дека се поразени џихадистите

59

Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дријан за време на вчерашната посета на главниот град на Јордан, Аман, изјави дека војната против Исламска држава во Сирија не е завршена, додавајќи оти  се лажат тие кои мислат дека се поразени џихадистите.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 19 декември најави повлекување на околу 2.000 американски војници од Сирија, оценувајќи дека ИД е поразена иако контролира мали зони во источниот дел на земјата која се уште е во војна.

Одлуката на Трамп ги изненади американските сојузници, меѓу кои и Франција која има 1.200 војници во рамките на меѓународната воена коалиција предводена од САД. Коалицијата во петокот соопшти дека почнала со повлекување на опремата од Сирија.

– Војната не е завршена во Сирија. Во Сирија постојат две вкрстени војни, една против џихадистите и таа не е завршена, а втората е интерна граѓанска војна – изјави Ле Дријан на заедничката прес-конференција со јорданскиот министер за надворешни работи Ајмен Сафади.

Тој додаде дека со јорданскиот крал Абдулах Втори разговарал за политичко решение на сирискиот конфликт, додавајќи оти и понатаму приоритет останува „искоренување на џихадистите.Војната во Сирија почна во март 2011 година, која предизвика раселување на неколку милиони луѓе, а загинаа над 360.000 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...