Познатата пеачка Лејди Гага ги демантира информациите дека глумејќи го ликот на пеачката Али во филмот „Ѕвездата е родена“ е нејзина автобиографија. За своето деби на филмското платно вели дека многу се разликува од ликот кој го глуми.
– Кога одлучив да станам пеачка, кантавторка на 19 години, дадаов се од себе. Верував во себе – вели Гага на премиерата на филмот во Лондон.
Таа додава дека ликот на пеачката Али не е таков, туку дека станува збор за жена која се откажала од себе. Али претставува жена на 30 години, уморна од музичката индустрија, сита од коментари дека не е доволно убава и дека никогаш нема да успее. Пеачката наведува дека со појавувањето на кантри музичарот Џексон кој во филмот го глими Бредли Купер, Али се препородила и почувствувала што всушност значи вистинска љубов.
Лејди Гага доби позитивни реакции од критиката и публиката.