Поранешниот полски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир, Лех Валенса, изјави дека сака да се смири со непријателите пред неговата смрт.
Тој тоа го напиша на Твитер, а се однесува на неговиот некогашен политички противник Јарослав Качински, кој е лидер на владејачката партија на Полска.
Седумдесет и четиригодишниот Валенса, кој има кардиоваскуларни проблеми, истакна дека и двајцата треба да очекуваат наскоро да заминат во вечноста и затоа сака да ги доведе во ред работите.
Валенса побара прошка од братот Качински за сите минати грешки. Поранешниот синдикалец и активист за човекови права опфати и една сложена тема, додавајќи дека ќе ја прости и најголемата навреда на Качински, а тоа е тврдењето дека Валенса бил доушник за време на комунизмот. Валенса го отфрла таквото обвинение.