Традиционално, на почетокот на летото, од утре до 1 септември, во книжарницата „Или-Или“ ќе се случуваат „Летни-те приказни“ по десетти, јубилеен пат. Во овие осумдесетина денови љубителите на добрата книга ќе имаат можност да ги купат изданијата на издавачките куќи „Бегемот“ и „Или-Или“ со намалени цени од -20 отсто до -70 отсто како прва нивна заедничка соработка од ваков вид и отворање на книжевен мост кон почитувачите на квалитетната литература.
Меѓу понудените 200 наслови секој од читателите ќе може да пронајде нешто за себе, од Нобеловци и наградени европски и светски автори, сѐ до книгите на новата генерација на македонски писатели, и со тоа да ја збогати својата домашна библиотека со возбудливи книжевни остварувања. Во рамките на „Летни-те приказни“ ќе бидат промовирани и неколку нови изданија.