Летен саем на книгата во Сити мол

226

Во организација на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија и Скопје сити мол ќе се одржи Летен саем на книгата од денеска до 13 јуни.

Посетителите во Скопје сити мол наредниве шест дена ќе имаат можност да си изберат книги за релаксирано, летно читање од неколку реномирани издавачи: Просветно дело, Детска радост, Магор, Бата прес, Матица, Венеција Штип, Икона, Нампрес и Логос А. Изданијата ќе бидат со атрактивни саемски цени, а ќе има избор за сите читателски вкусови и возрасти.

Во рамките на Саемот ќе има детско катче со работилници, а за љубителите на пишаниот збор ќе биде организирано потпишување примероци, гостувања на поети…

Од ЗИКМ најавија дека по овој, следуваат уште неколку Летни саеми со цел да им се приближат книгите на читателите и во другите градови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...