Директорот на филмското студио ,,Ворнер Брос” , Кевин Тсуџихара (54), завчера поднесе оставка, откако почнала истрагата за неговата врска со британската актерка Шарлот Кирк (26).
– Во најдобар интерес на компаниите „Ворнер медиа“ и „Ворнер брос“, како и на нашите вработени и партнерите тој да се повлече од функцијата – изјави завчера директорот на Ворнер Медија, Џон Станки.
Оставката на директорот на едно од најмоќните холивудски стидија доаѓа окако актерката Кирк призна дека била во врска со 54-годишникот и дека таа врска почнала од 2014 година, кога двајцата една вечер уживале со мартини.
Медиумите информираат дека директорот и актерката си размениле СМС-пораки со кои Тсуџихара ѝ ветува улога во филм на актерката. Таа потоа и добила улога во филмот „How to Be Single“, за потоа да учествува и во „Осумтемина на Оушн“, во продукција на „Ворнер брос“.
Кирк изјави дека никогаш додека била во сексуална врска со директорот не барала од него филмска улога. Таа додава и дека жали за неговата оставка, бидејќи врската одамна била завршена.
ФОТО: МИА