Легендарниот новинар на НБЦ, Том Брокау обвинет за сексуално злоставување

Прочуениот новинар на американската телевизиска куќа Ен-Би-Си Том Брокау е најновото лице од јавниот живот во САД кој е обвинет за сексуално малтретирање на подредени колешки.

109

Прочуениот новинар на американската телевизиска куќа Ен-Би-Си Том Брокау е најновото лице од јавниот живот во САД кој е обвинет за сексуално малтретирање на подредени колешки.

Новинарката Линда Вестер, која за Ен-Би-Си известувала од фронтовите во Африка и Блискиот Исток, во интервју за „Варајети“, тврди дека Брокау повеќе пати недолично ја допирал и двапати се обидел физички да ја присили на бакнеж, а непоканет се појавувал и во нејзината хотелска соба. Брокау е во брак веќе 56 години и досега не бил обвинет за сексуално злоставување.

– Се сретнав двапати со Линда Вестер, на нејзино барање. Тоа беше пред 23 години, и таа сакаше совети во врска со нејзината кариера во Ен-Би-Си. Состаноците беа куси и на пристојно ниво, и тоа што таа сега го тврди, никогаш не се случило, изјави Брокау, кој е сметан за еден од најзначајните водители на вечерни вести во САД во 1980ите и 1990ите години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...