Славниот актер Кирк Даглас починал во 103-та година од животот, соопшти неговиот син актерот Мајкл Даглас.
Веста за смртта Даглас помладиот ја потврди за списанието „Пипл“, пренесоа британските медиуми.
– Со огромна тага јас и моите браќа соопштуваме дека Кирк Даглас не напушти – наведе Мајкл.
„За светот беше легенда, актер од златната ера на филмот, кој и самиот доживеа златни години, хуманитарец чија посветеност кон правдата и принципите во кои веруваше на сите им станаа стандарди кон кои треба да тежнееме“, додаде Мајкл Даглас.