„Лебедово езеро“ со првенци од Холандскиот национален балет

295

По отворањето со Вердиевата „Аида“ во четвртокот, програмата на 47. Мајски оперски вечери продолжува со „Лебедево езеро“ на Чајковски, единствената балетска претстава меѓу шесте опери на годинашниот фестивал.

Во улогата на Одета и Одилија, белиот и црниот лебед,  ќе настапи Маја Махатели од Грузија, а ликот на принцот Зигфрид ќе го игра Артур Шестериков од Русија. Двајцата се првенци на Холандскиот национален балет и имаат богата балетска кариера. Во улогата на Ротбарт, пак, ќе настапи Давиде Буфоне од Италија.

Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Кореографијата е на Виктор Јаременко од Украина, диригент е Бисера Чадловска, сценограф Андреј Злобин и костимограф Гана Ипатиева. Националната првенка на Хрватска Ирена Пасариќ, како главен репетитор и педагог, е задолжена за подготовките и пробите на балетскиот ансамбл.

Следен фестивалски термин е 15 мај кога во Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Лучија од Ламермур“ на Гаетано Доницети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...