Освен што се „главоболка“ во некои домови каде ги има, лебарките, исто така, може да предизвикаат и алергиска реакција. Каде што поминуваат, лебарките оставаат траги на плунка, фекалии и одбиени делови од телото, а за лицата кои се чувствителни битно е дека мртвите лебарки, нивниот измет и остатоците од кожата може да предизвикаат алергиски реакции, особено кај децата.
За да се ослободите од овие штеточинки, сè што ви е потребно е ловоров лист! Скршете го и распоредете го во ќошињата во домот. Наскоро ќе заборавите на секакви несакани гости во вашиот дом! Тајната се крие во тоа што овие инсекти, како лебарки, мравки, муви, комарци и молци, едноставно не можат да го поднесат мирисот на ловоров лист.
Можете исто така да ставите ловоров лист во ормарите и фиоките. Насадете ловоров лист во дворот, или ставете тенџере со ова растение на терасата. Може да си правите букети од гранчиња ловоров лист и естрагон кои ќе ги држите во вазна.