Леа и Милован Секуловски се победници на фолк вечерта на „Охрид фест –Охридски трубадури“

Годинава „Охридските трубадури“ ќе бидат емитувани во живо на Балканика – Бугарија, Бел ами – Србија, Коперникус – Србија, Тв Z1 – Хрватска, CMC (Croatian Music Channel –Хрватска , Хајат – Босна и Херцеговина, Визион плус – Албанија,ТRT – Турција, ТВ Шансона – Русија и австралиската сателитска тв INTV.

176

На јубилејниот, 25-ти Интернационален музички фестивал „Охрид фест –Охридски трубадури“, кој се одржува на 6, 7 и 8 септември, учествуваат повеќе од 70 пејачи.

Во македонскиот бисер Охрид синоќа на платото пред хотелот „Нова Ривиера“ се одржа првата фестивалска вечер на која учествуваа еминентни имиња од домашната и фолк естрадата во регионот, но и млади талентирани пејачи. На првата вечер без изведени 20 нумери.

Нино Величковски, Кате и „Нели ти реков“, Петар Нечовски, „Скопски боеми“, Мерима Његомир, Благица Павловска, „Молика“, Добрила Чобриќ Ивановска беа само некои од пејачите и групите кои, на огромна радост на публиката, се појавија на сцената на „Охрид фест – Охридски трубадури“.

Фестивалската атмосфера беше на завидно ниво, а со секоја наредна песна стануваше сè повесела, се редеа и балади и разиграни нумери, а многубројната публика неуморно со силни аплаузи ја поздравуваше секоја песна.

Ревијален дел имаше фолк иконата Нада Обриќ која ги испеа нејзините најголеми хитови, а публиката заедно со неа наглас ги пееше нејзините песни.

По завршувањето на перформансите на учесниците на „Охридски трубадури“, жирито и публиката ги оценија изведбите и нумерите. Првата награда од жирито ѝ припадна на пејачката Леа за прекрасната нумера „Откако те нема“, додека, пак, публиката најмногу гласови даде за маестралната изведба на песната „Спомен љубов“, односно на пејачот Милован Секуловски. Втората награда од публиката ѝ припадна на кралицата на фолк музиката Благица Павловска, додека третата награда ја добија групата „Соната“ и Катерина Брезева.

Вечерва продолжува фестивалската еуфорија, односно на сцената на Охрид фест ќе настапат поп изведувачи.

Покрај македонските фолк и поп изведувачи, на фестивалот ќе настапат и неколку познати имињата од Балканот: Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Ален Исламовиќ (БИХ), групата „Балканика’’(Србија), Мерима Његомир (Србија), Елизабет Христоу ( Грција), Карлос( Бугарија)…

Годинава „Охридските трубадури“ ќе бидат емитувани во живо на Балканика – Бугарија, Бел ами – Србија, Коперникус – Србија, Тв Z1 – Хрватска, CMC (Croatian Music Channel –Хрватска , Хајат – Босна и Херцеговина, Визион плус – Албанија,ТRT – Турција, ТВ Шансона – Русија и австралиската сателитска тв INTV.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...