Сестрата на Мајкл Џексон, Ла Тоја пред скоро 30 години проговоре за наводното сексуално злоставување од нејзиниот татко во детството. Тоа е повторно актуелно оти пред неколку дена таа изјави и дека нема да го брани својот брат од обвинувањата за педофилија.
Ла Тоја во 90-тите години на минатиот век раскажуваше како нејзиниот татко Џо Џексон сексуално ги злоставувал неа и нејзината поголема сестра Реби. Освен тоа, според кажувањата, нивната мајка Кетрин знаела за тоа.
– Кога татко ти излегува од креветот што го дели со мајка ти и легнува покрај својата ќерка, па ја слушаш мајка ти како вели „Немој, Џо, не вечерва, уморна е, остави ја да се одмори“, тоа те излудува – изјави Ла Тоја во интервју од 1991 година.
ФОТО: Инстаграм