Љахај: Пола оркестар на МОБ седи на мобилен, пола нема партитури

6266

Албанскиот тенор со светска слава, Рам Љахај, в четвртокот одржа концерт пред скопската публика во салата на Македонска опера и балет. Иако планот беше Лахај на сцена да излезе со оркестарот на МОБ, сепак тоа не се случи. Тој на концертот настапи со пијанистот Генц Тукиќи и со неколкумина други музичари.

– Не работам со оркестар каде половина седат на телефон, половина немаат партитури, некои имаат партитура но свират погрешно, за мене ова е тотално неприфатливо. Јас имав моја група, но требаше еден пијанист за да го спаси концертот. Жал ми е за оркестарот на МОБ, жал ми е дека се уште има обиди за да се спречат албанските добри иницијативи. Ова теорија во Косово е оставена зад нас и не функционира – вели Љахај.

МОБ вчера демантираше дека оркестарот на МОБ саботирал или одбил да настапува.
„Ваквите надворешни проекти за МОБ и за оркестарот на МОБ се повеќе од добредојдени. МОБ цврсто стои на ставот дека музиката ги надминува националните граници. Оркестарот на МОБ беше договорен да биде изнајмен како музичка поддршка на тенорот Рам Љахај. Поради технички причини и недостаток на време за музичко и техничко усогласување, организаторот и тенорот донесоа одлука концертот да се изведе без ангажирање на оркестарот на МОБ“, се наведува во реакцијата од МОБ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...